На 4 октомври ќе почне фестивалот на забвана музика во Штип, „Макфест“. Песните и авторите се веќе познати. Вкупно 32 композиции, познати имиња од македонската забавна сцена, но и нови лица што ќе се промовираат на естрадата. Традиционално, фестивалот ќе се одржи во големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“. Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Мартинијан Кириловски, Џокси, „Тајфата“ и Димитар Адоновски, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, се само некои од позвучните и поискусни имиња на „Макфест 2018“.
На 25 септември е првата прес-конференција во хотелот „Александар палас“ кога традиционално ќе биде извлечен и редоследот за изведувачите на првата фестивалска вечер. Преносот на фестивалот е на Првиот канал на МТВ со почеток во 20.30 часот.
Главнта награда е 5.000 илјади евра.