Футуристичката јахта што ја направи компанијата SolarImpact Yacht AG може да го исплови целиот свет, а притоа ниту еднаш да не застане за да наполни гориво.
Делото на швајцарската компанија се движи на соларен погон, а долготрајната пловидба е овозможена благодарение на соларните плочи, кои се толку големи што можат да покријат цел тениски терен.
Покрај кабината за малобројниот екипаж, на бродот има место за уште десет патници, кои се сместени во четири двокреветни простории. Со пловилото управува една личнсот, затоа што големиот дел од работата го врши вештачка интелигенција.
Батеријата од 800 kW овозможува десетчасовно непрекинато движење, но цело време може да се продолжува благодарение на сончевата енергија. Соларните плочи на кровот зафаќаат површина од 300 квадратни метри, и на тој начин можат да послужат како единствен погон, доколку условите тоа го дозволат.
Јахтата има и два дизел-мотори од 65 киловати, па погонот е загарантиран и по облачно време.