Владо Јаневски е совршен љубовник, Дунавка ексклузивно за врската со пејачот

Манекенката и фармацевт Дунавка Трифуновска за прв пат јавно прозборе за љубовта со поп-пејачот Владо Јаневски. Во интревјуто за „Репортер“, откри дека Владо е совршен љубовник. Дека одлично функционираат како љубовници и како соработници.

„Владо ми дозволи да бидам она што сакам. Не е тајна дека сме заедно. Блиски сме и не криеме дека имаме љубовна врска. Јавно се појавуваме заедно се едно дали не виделе во хотел или шетаме во Охрид низ чаршија“, вели Трифуновска.

Дунавка ексклузивно раскажа за љубовното лето со Владо, како се запознале, каков човек е тој. Без комплекси раскажуваше за себе. Открива што мисли за референдумот, кој ѝ е омилен македонски политичар, за озборувањата кога се врати од изборот на убавина во Тајланд. Открива кои ѝ се родители, од какво семејство потекнува, каков ученик била. Од една страна манекенка, од друга страна газдарица на аптека. Раскажа и за титулата која ѝ ја додели принцот на Црна Гора, но и што мисли за естрадата. Гледајте го интеревјуто:

Scroll to Top