Евровизиската хрватска пејачка и сопруга на фудбалерот Ведран Чорлука, Франка Бателиќ, деновиве напорно работи на снимањето на новиот албум.
Таа објави фотографии на кои може да се види нејзиното работно темпо кое е поприлично напорно и забрзано.
Пејачката се пожали на своите обожаватели на Инстаграм, а на една фотографија таа лежи на подот со слушалките на глава.
„Кога си мртов уморен, но мораш да го завршиш албумот“, напишала Франка на фотографијата.
Во коментарите фановите и порачале дека веруваат дека трудот и напорната работа ќе и се исплатат и дека тие ќе го обожаваат нејзиниот нов албум, исто како и последните неколку песни кои таа ги има објавено.
„Со нетрпение чекам да излезе твојата нова песна. Види ја таа воља. На мојата среќа и нема крај. Се се може кога се сака“, се само некои од коментарите на обожавателите.