Српската пејачка Анабела Атијас вчера поднела барање за развод од 11 години помладиот сопруг Андреј Атијас, пренесуваат српските медиуми. Тие пишуваат дека пејачката решила да се разведе откако пред две недели сопругот ја удрил и ја навредувал. Пејачката тогаш го пријави Андреј во полиција, кој откако беше сослушан го пуштија дома. Полицијата по него ја сослуша и Анабела.
По сослушувањето во полиција Андреј отишол кај мајка си во Панчево, но секојдневно ѝ се јавувал и ја молел Анабела да му даде уште една шанса.
„По пет ипол години брак, пејачката сака да започне нов живот и себе и своите три ќерки да ги поштеди од стресот поради однесувањето на Андреј“, рекол близок пријател на пејачката.
Андреј е втор маж на Анабела. Со него ја има ќерката Бланка. Од првиот брак со Гаги Џогани, Анабела има две ќерки, Луна и Нина.