Летот помеѓу шкотските острови Вестрај и Папa Вестрај трае 53 секунди кога се поволни временските услови. Ако времето не е добро, летот трае малку повеќе од една минута. Патниците на овој лет се главно полицајци, професори, банкари и деца што одат во училиште. Туристи се превезуваат само по потреба.
И во Индонезија има слични летови, па постои лет меѓу селата Кегату и Апово, кои се оддалечени само два километра. Но, авионската линија е потребна оти селата ги дели длабока шумска долина, а се наоѓаат во многу изолиран дел од Индонезија кој го опкружуваат планини.
Само пет минути трае летот од Сент Мартин до Сент Барт, а десет минути трае летот меѓу островите Сент Мартин до Ангвила, во организација на „Ангвила ер сервис“. Оваа линија е истовремено најкраткиот комерцијален лет во светот.