По 10 години со авион од Скопје до Атина

Од 1 ноември грчката авиокомпанија Aegean airlines двапати неделно ќе лета директно од Скопје до Атина и обратно. Ова е прва директна авиолинија меѓу двата града по повеќе од десет години. Летови ќе има секој вторник и четврток, потврди МИА.

На интернет страната на компанијата веќе може да се резервираат билети. Летот ќе трае 1 час и 15 минути, а цената на повратниот билет е околу 100 евра. Авионот секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9:45 од Скопје по македонско време. Во четврток, летот од Атина е во 18:40 часот, а од Скопје ќе полетува во 19:25 часот.

Летовите ќе бидат со авион Q400 кој има капацитет од 78 патници. Летот Скопје-Атина е еден од 11 нови дестинации на грчката авиокомпанија. Aegean airlines лета речиси во сите главни градови во земјите од поранешна Југославија, но и во некои помали туристички дестинации.

 

Scroll to Top