За Бракот на Лепа Брена и тенсиерот Боба Живоиновиќ отсекогаш се зборувало. Од самиот почеток ги следеа разни гласини, а најчесто беа околу неверството на Боб. За едно од тие неверства најмногу се пишуваше во 2004. година кога српските медиуми објавуваа фотографии од тажната Брена, како резултат за неверството на нејзиниот сопруг.
Но, двојката никогаш не излезе со изјава во медиумите по повод тие случувања.А, пишувања имаше многу па дури беше наведено дека Боба ја изневерува Брена со многу помлада девојка.
Сепак, Лепа Брена, минатата година во една прилика проговорила за неверството на нејзиниот сопруг а нејзината изјава кренала огромна прашина во медиумите.
„Секогаш велам дека сексот е приказна која се продава многу евтино. За мене не е неверство сексуалното изневерување туку кога некој ќе те издаде како човек и кога некој ќе ја издаде твојата фамилија“, изјавила Брена во 2017 година.
На прашањето дали на Боба би му простила неверство, пејачката одговорила:
„Во денешно време не е толку важно неверството. Важно е да не ве издадат. Денес, суштински е важно некој да не ве изневери во животот, а некои глупости кои се зборуваат по естрадата и што е интерсно за медиумите, тоа не сакам да го коментирам“,вели Брена за „Свет“.