Марга Сол ќе ја пробива Лоба на светскиот пазар

Продуцентката и диџејка Марга Сол работи на песните за новиот албум на Викторија Лоба. Овие песни, направени и на македонски и на англиски, преку продуцентската куќа на Марга ќе ги промовираат и на светскиот музички пазар. Тие минатата недела на Санторини, Грција, го снимија спотот за првата заедничка песна „Над небото“ и за нејзината англиска верзија, Feel It. За „Репортер“ Марга раскажа дека девојките се забавувале додека снимале и дека уживале во  најубавото зајдисонце во светот..

„Песната во светски рамки ќе ја промовираме преку мојата издавачка куќа M-Sol Records.. Видеото и двете песни официјално ќе се појават во ноември. Се работи за нешто сосема поинакво од македонската музика, дип-хаус песна со која Лоба започнува нова етапа во нејзината кариера, а сите ние целиме кон светски успех“,  вели Марга.

Продуценти и композитори на песната се Марга   и Дарко Цветковски (Darles Flow). Англискиот текст го напиша Сол, а македонскиот текст е на Викторија. Видеото го снимаше Дарко Митев.

Минатата недела и Викторија преку своите  социјални мрежи се пофали дека е на Санторини и дека снима нов спот со Марга.

(А.Ј)

Scroll to Top