Тејлор Свифт постигна голем успех на доделувањето на „Американските музички награди“, кој се случија во вторникот. Таа по четврти пат ја освои наградата за уметник на годината.
Тејлор го искористи моментот за нов политички настап во кој ги повика своите фанови да излезат и да гласаат на изборите за Конгрес и Сенат, кој ќе се одржат на 6 ноември.
28 годишната поп ѕвезда, неодамна предизвика голема бура на реакции во САД, откако во својот прв јавен политички настап во кариерата најави дека на изборите во ноември ќе ги поддржи кандидатите на демократите.
Во вторникот пак на доделувањето на „Американските музички награди“ во Лос Анџелес, каде таа присуствуваше, ги повика милионите фанови и гледачи да излезат на избори и да гласаат.
„Оваа наградата и секоја награда која е доделена вечерва ја изгласале луѓе, а знаете ли зошто луѓето гласаат“, праша Свифт во моментите на прифаќање на трофејот.
Во истиот момент Свифт одговори дека Изборите се на 6 ноември, и ги повика сите да излезат и да гласаат.
Четвртиот трофеј на уметник на годината, кој се доделува на темел на гласовите од публиката, Свифт го освои, победувајќи ги раперите Дрејк и Пост Малоун, британскиот контавтор Ед Ширен и рок бендот „Имеџин дрегонс“.
Тејлор собра уште три награди, за најдобра женска поп уметничка, најдобра турнеја и најдобар поп албум за „Репутација“, најпродаваниот албум од минатата година.
Од останатите награди, раперката од Њујорк Карди Б. е избрана за омилена хип-хоп-рап уметничка, но изгуби во борбата за најдобра нова уметничка од пејачката со кубанско потекло Камила Кабело.
Останатите победници се Пост Малоне, музички поп-рок уметник, Калид, машки соло R%B уметник и кантри ѕвездата Кари Ундервуд, која синоќа ја освои 13 награда на „Американските музички награди“.
„Бој бендот“ BTS стана првата корејска група која освоила награда на „Американските Музички Награди“, земајќи го трофејот за омилен општествен уметник.
Гледис Најт и оддаде почест на кралицата на соул музиката Арета Френклин, која почина од рак во август на 76 годишна возраст, а останатите изведувачи беа Марија Кери, Џенифер Лопез и Мис Елиот.
Некои од најголемите музички ѕвезди, како што се Дрејк, Ед Ширан, Бијонсе, Аријана Гранде, Ријана и Кање Вест, не присуствуваа на доделувањето на наградите, на кои, освен настапот на Тејлор Свифт, воглавно беа поштедени од политика.