Ако сакате да направите промена во изгледот оваа есен, чили-чоколадо е бојата која емодерна за оваа сезона.
Овој нов тренд се очекува да ја симне од тронот популарната техника балајаж, а светлите прамени во боја на сонце ги става во втор палн.
Топлите костенливи нијанси во комбинација со црвени тонови се идеални за есенска сезона, па затоа трендсетерките веќе ја пробаа чили-чоколадо бојата.
Секако, зависно од бојата која сега ја имате и пигментот, резултатот може да излезе различен, но токму тоа е убавината во мешањето на овие тонови.