Во првиот дел од серијалот филмови „Умри машки“, во кој главната улога ја толкува Брус Вилис, една од сцените снимена во солитерот била автентична.
Станува збор за падот од висококатницата на главниот негативец Ханс Грубер, кој го глуми Алан Рикман. Тој паѓа и загинува, а на почетокот на сцената на неговото лице може да се види неговото шокирано лице.
Тоа што е интересно во целата ситуација, е што Рикамн воопшто не глумел. Ужасот на неговото лице во моментите додека паѓа е автентично. Актерот со екипата од филмот се имал договорено за снимањето на оваа сцена да скокне од височина од осум метри во „ер бег“.
Каскадерската екипа му рекла дека ќе го пушти на „1,2,3“, но наместо тоа го пуштиле кога изговориле само „1“. Останатото е историја.