(Фото) Светскиот џет сет на свадба кај принцезата Јуџин

Венчавката на принцезата Јуџин, внуката на британската кралица Елизабета II и нејзиното долгогодишно момче, привлече големо внимание како на британската, така и на светската јавност.

Медиумите го следеа секој чекор на оваа грандиозна свадба, а покрај членовите на кралското семејство на прославата пристгинаа и познати личности.

Церемонијата од првите редови ја следеше британската кралица Елизабета II и нејзиниот сопруг принцот Филип.

Големо внимание привлече и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Во текот на церемонијата, друштво им правеа и принцот Хари и неговата сопруга Мегеан Маркл. А во центарот на внимание беа и мајката на принцезата Јуџин, војвотката од Јорк, како и сестрата на принцезата Битрис.

Принцот од Велс, Чарлс стигна на самото венчавање без сопругата Камила. Принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета II не можеше да го пропушти венчавањето на својата внука.

 

 

Од останатите членови на кралското семејство, беа присутни и Мајк и Зара Тиндал. Тука беше и синот на принцезата Ана, Питер Филипс, кој и правеше друштво на својата сопруга. Бројни познати личности беа забележани на венчавката. На црквената церемонија присуствуваа пејачот Роби Вилијамс со сопругата, пејачот Џејмс Блант, пејачката Ели Голдинг, манекенката Кејт Мос и Наоми Кембл, актерката Деми Мур и Лив Тајлер и многу други.

Scroll to Top