Познатите се простија од Милена Дравиќ

Легендарната југословенска филмска, телевизиска и театарска актерка Милена Дравиќ почина во Белград по тешката болест.

Ваквата вест го остави целиот регион и сите нејзини колеги од сите генерации неутешени, а нејзините улоги од богатата филмска кариера ќе останат запаметени со децении.

 

Со својот починат актер Драган Гага Николиќ била во брак 45 години и беше еден од омилените парови во поранешна Југославија.

Милена зад себе остави неутешени колеги и актери, како и бројни јавни личности кои својата тага на денешниот ден ја искажаа преку социјалните мрежи, простувајќи се од славната актерка.

„Сега сте заедно“, напиша Војин Четковиќ.

„Каде сите вие брзате? Верувам во подобро и поубаво место. Фала за прекрасните улоги, фала што великодушно го споделивте со нас животот, фала за дружењето. Фала што ти и Гага ни покажавте како сепак може да се биде господин актер и госпоѓа актерка. Драга Милена, патуавј со анѓелите“, се прости Слободан Мичаловиќ.

 

„Најдобра Милена“, напиша Маријана Мичиќ.

„Фала. Засекогаш ќе те паметам. Сега небото дефинитивно е полно со анѓели“, се прости Драган Мичаловиќ.

„Драга и единствена Милена Дравиќ. Вечна слава и фала!“, напиша Ненад Окановиќ.

„Не повторлива“, кратко коментираше Нина Јанковиќ.

„Фала најмногу, најдобра, најубава, посебна, единствена“, се зборовите на Иво Штрљиќ.

„Почивај во мир“, се прости Сергеј Четковиќ.

„Не ја познавав лично, за жал, но како да ја познавав. Таа е мојата вага и вистинска дама. Збогум дива“, напиша Ана Николиќ.

„Идолите на мојата генерација“, порача Алекса Јелиќ.

Scroll to Top