Водителката Лила Филиповска денеска полни 47 години. Откако откри дека ѝ е роденден, таа се пофали дека го добила првиот подарок, црни салонки од модниот дизајнер Ив Сент Лорен.
„Почнаа да пристигнуваат роденденски подароци“, напиша таа на видеото што го сподели на социјалните мрежи.
Лила роденденот почна да го слави точно на полноќ. Таа објави слика од ланскиот роденден, со балони и букет рози. „Денес е прекрасен ден, затоа што мене ми е роденден. Вака беше минатата година, а годинава се надевам уште подобро“, напиша водителката, па доби бројни честитки и убави желби од своите пријатели и обожаватели. „Кој би ти дал 47 години“, стои во еден од коментарите покрај фотографијата.
Популарната водителка роденденот лани го прослави во кафеана со своите најблиски пријатели, и тогаш на својот инстаграм-профил сподели многу видеа и слики од прославата.