Први фотографии од бремената Меган Маркл

Откако принцот Хари и Меган Маркл официјално објавија дека на пролет ќе станат родители, тие вчера првпат се појавија во јавноста. Меган носеше едноставен бел фустан што ја следи линијата на телото, а кој го откри малиот труднички стомак на војвотката од Сасекс. Според извори од Бакингамската палата, Меган е во 12. недела од бременоста и изминатите недели се криеше со капути и фустани со карнери од кои не се забележуваше дека е бремена.

Првото појавување во јавноста на Меган и Хари по објавувањето на веста дека таа е бремена е во Австралија. Тие вчера посетија хуманитарна организација во Сиднеј, а од домаќините добија кадифена играчка кенгур и бебешки чевли.

 

Scroll to Top