Со фотографија стара 16 години, Владимир Блажев – Панчо неодамна се сети на почетоците на аренби дуото „ДНК“, кога почнал да работи со Андреј Ѓорѓиески. На сликата, која е направена на еден од нивните први настапи, Андреј е малку послаб од сега, а Панчо е со коса и брада, но не се разликуваат многу од тоа како изгледаат денес.
„ДНК“ изминатите 16 години се постојано присутни на музичката сцена. Тие снимија три албуми „Уште еден ден“, „Срце“ и „Кажано е се“, многу синглови и спотови. Лани во мај одржаа голем концерт во „Метролопис арена“ и тогаш го одбележаа јубилејот 15 години музичка кариера. Пред концертот Панчо откри дека со Андреј искрено ја сакаат музиката и дека иако пријателите често ги исмевале, тие издржале, па и денес го работат тоа што го сакаат, искрено и од срце.