Меган Маркл на почетокот успешно го криеше трудничкиот стомак, но откако од палатата и официјално потврдија дека на пролет со принцот Хари чекаат бебе, таа повеќе не се труди премногу околу тоа.
Војвотката е во четвртиот месец од бременоста, а нејзиниот труднички стомак како минува времето станува се позабележителен.
Таа и принцот Хари веќе една недела се на пат, а синоќа заедно биле забележани на свечен настан во Фиџи. Меган според коментарите на нејзините обожаватели на социјалните мрежи блескала.
Војвотката се појавила во долг син фустан и шетала гордо пред гостите навестувајќи дека наскоро ќе стане мајка.