Откако пред шест месеци го изгуби својот брат, фолк-пејачката Росана Сариќ-Тодоровска, своите емоции и тага ги сподели на социјалните мрежи.
„Ангелу мој, бројка од 6 месеци како си замина… Да занеш колку боли, да можам да ти кажам, ох да можеш да ме слушнеш. Секој ден, секој божји ден се прашувам зошто нема ред и правила. Не требаше вака. Почивај во мир, душо моја, братче мое, ангелу мој“, напиша Росана.