Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески ја сними песната „We are blood“ во Лондон. Песната е снимана со Енди Рајт, познатиот британски композитор и продуцент. За песната е сниман и спот а го режираше Александар Пауновски. Со оваа песна Кристијан ја започнува и својата музичка кариера на македонската сцена. Кристијан студира соло пеење на факултетот Есра. Веќе се подготвува за концертот во чест на Тоше, кој ќе се одржи на 2 ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“, кога ќе ја изведе и новата песна.