Mалку кој од актерките би ја земле својата 88-годишна баба како придружник на црвениот килим. Сепак, Дакота Џонсон, го направи тоа. Но, и нејзината баба не е било кој, туку Типи Хедрен – ѕвездата од филмот „Птиците“ на Хичкок.
Токму саканата баба Типи беше придружник на Дакота Џонсон за премиерата на филмот „Suspiria“ во Лос Анџелес.
И како што велат од американскиот Vogue по повод дефилето на двете по црвениот тепих – „Типи покажа дека 80-тите се новите 50“.