Пејачката Зои Кравиц (29) се сликаше гола, исто како и нејзината мајка, која се соблече пред 30 години. Ќерката на славната двојка Лени Кравиц и Лиза Боне се соблече гола за насловницата на ноемврискиот број на музичкиот магазин „Ролинг стоун“.
Пред 30 години, во 1988 година, на 22-годишна возраст, гола за истиот магазин позираше Лиза Боне, додека беше бремена со Зои.
„Животот ја имитира уметноста, а Зои и Лиза се моќни жени, кои праќаат силна порака до понежниот пол“, велат од магазинот.