Меган Маркл го победи принцот Хари во натпревар во фрлање гумени чизми во Оукленд, Нов Зеланд. Додека беа во посета на заштитено природно подрачје северно од Оукленд, засадија дрва, се натпреваруваа во фрлање чизми во далечина и добија подарок, пар гумени чизми за бебето.
Војводата и војвотката од Сасекс се поделиле во два тима и секој зад себе имал група деца кои навивале за својот претставник, бодрејќи го да ја фрли чизмата колку што е можно подалеку.
„Немаше премногу ривалство. Мислам дека таа мислеше дека нема шанси да го победи победи примцот. Но, сепак победи“, рекла 10-годоишната Изабела за медиумите, која заедно со многу деца навивала за Меган во текот на натпреварот.
📽 The Duchess of Sussex’s red team won the welly wanging contest, beating The Duke’s yellow team! #RoyalVisitNZ pic.twitter.com/D5REmCCJfM
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) October 30, 2018