Српскиот пејач Драган Којиќ – Кеба сними песна на македонски јазик, „Животот нема боја“. Текстот за песната го напиша Борче Нечовски, музиката ја направи Кеба, а аранжманот е на Милош Кариќа. Кеба досега има снимено песни на романски, грчки, бугарски, ромски, кинески јазик, но ова е негова прва песна на македонски.
„Одамна имав желба да снимам песна на македонски, поради големата почит кон македонската публика, која навистина ме сака и ја цени мојата музика. Борче од нашите заеднички дружења знаеше за мојата желба да напише еден убав текст. Мислам дека песната ќе биде хит и ќе остане да се слуша. Знам дека песната ќе ја засакаат и во Србија и ќе ја пеат како што се пеат сега познати македонски песни“, вели Кеба.
Оваа песна наскоро песната ќе добие и српска верзија.