По обвинувањата на Роналдо за силување на 34-годишната Катрин Мејорџ, која тврди дека во летото 2009 година биле силувана од фудбалската ѕвезда во апартман во хотел во Лас Вегас и дека за тоа ѝ платил да молчи, конечно фудбалерот прозборе во јавноста.
„Целата оваа приказна влијае на нормалниот живот, секако. Имам партнерка, четири деца, мајка која е во години, сестра, брат и семејство со кое сум многу близок“, вели Роналдо.
„Ми ја нарушува репутацијата. Замислете некој да ве обвини за нешто такво како силување. Вистината еден ден ќе излезе на виделина. Сите кои сакаат да ме прикажат како силувач и од мојот живот прават циркус, сите ќе видат дека тоа не е така“, вели Роналдо.