Филип е новиот миленик на тинејџерките

Филип Пешевски е новиот миленик на тинејџерките. 22-годишниот пејач настапи како дебитант на годинашниот „Макфест“ и ја испеа песната „Кукло моја несудена“. Со своето пеење тој го привлече вниманието на публиката и на девојчињата во Македонија. Филип, кој е студент на Факултетот за музичка уметност, за „Репортер“ откри дека навистина се забавувал додека пеел на фестивалот во Штип.

„Не можам да го опишам чувството. Песната ѝ се допадна на публиката, имаше навистина силен аплауз по мојот настап, а јас уживав додека бев на сцената“, ни рече тој.

Музиката за песната ја направи Ванчо Димитров, а текстот е на Огнен Неделковски. За песната Филип сними и видео, што го промовира денес.

Инаку, Филип е пејач на популарниот бенд „Арија“, а „Кукло моја несудена“ е негова прва соло песна.

(А.Ј)

Scroll to Top