Холивудскиот актер Том Круз ја облече добро познатата маслинеста зелена јакна на себе за потребите на снимањето на сцената од новото продолжение на филмот „Топ Ган“, кој ја обележа неговата кариера пред точно 32 години.
56 годишниот актер е снимен на улиците на Лос Анџелес, каде ја снимаше легендарната сцена на возење со мотор со колешката Џенифер Конели. Фановите велат дека изгледа како да не остарел ниту еден ден.
Го гледаат како истиот поручник Пит Маверик Мичел, како и пред три децении. На Џенифер и припаѓала честа да ја глуми љубовта на Маверик, заменувајќи ка Кели Мегилис, која ја глумеше Чарли во првиот филм.
За потребите на снимањето на филмот, Том одбрал лимитирана линија на Kawasaki Ninje H2 Carbon, чија вредност изнесува 30.000 долари и е еден од најбрзите мотори на светот.
Покрај Том и Џенифер во новиот „Топ Ган“ ќе ги видиме и некои од познатите лица од првото продолжение како Вaл Килмер, Глен Пауел и Ед Харис.
Филмот ќе се прикажува во кината во 2020 година.