Минстерството за правосудство на Белгија отвори истрага за исчезнатите пет милијарди евра од замрзнатите сметки на поранешниот либиски лидер Мoамер Гадафи во белгиските банки, пренесува Radio-Tеlеvision belge de la Fеdеration Wallonie-Bruxelles.
Според информациите од истрагата за која пренесуваат белгиските медиуми, постојат индиции дека од сметките на Гадафи исчезнале парите од каматите на главницата која била замрзната пред седум години.
Замрзнувањето на главницата се случила кога демократските либиски сили го погубиле Гадафи во граѓанската војна, пишува „Јутарни.хр“.
Белгија го истражува пренасочувањето на парите од сметките на Гадафи во нивните банки во корист на силите кои се борeле во либиската војна.
Реакцијата на белгиските власти била мотивирана и од фактот дека продолжувањето на војната во Либија го предизвикала бранот миграции кон Европа, наведува порталот Europapress.es.
Порталот ги пренесува наводите на белгиските медиуми, дека на тамошната политичка сцена веќе дошло до размена на обвинувањата кои дозволиле трансфер на парите на Гадафи.
За потсетување, со одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации во 2011 година, средствата на Моамер Гадафи биле замрзнати.
Во тој момент во банките BNP Paribas fortis, ING, KBC и Juroklir bank се наоѓале повеќе од 14 милијарди евра кои биле на име на либискиот лидер.
Одлуката на Обединетите нации не се однесувала на каматите. За осум години таа сума се зголемила од 3 до 5 милијарди евра. Токму тие пари исчезнале. Се претпоставува дека сите пари завршиле во рацете на група која војува во Либија. Истрагата е во тек.