Карлеуша ќе го остави Душко за помлад дечко пред тој да ја остави неа

Јелена Карлеуша откри во јавност дека не се плаши ако нејзиниот сопруг, фудбалерот Дарко Тошиќ, ја изневери и замени со некоја помлада.

„Па кој вели дека тој мене ќе ме замени? Постои средовечна криза кај мажите, но и кај жените. Што ако мене ме фати криза пред него? Јас ќе го заменам него. Така што не знам зошто мене не ми го поставите истото прашање. Зошто мажите секогаш мора да најдат помлади, а жените не можат да најдат помлади мажи? Тоа е сексизам. Се разбира дека се плашам од тоа, но се плаши и Душко. Сè додека сме заедно ќе се плашиме затоа што постои љубов и емоции. Се чуваме така што постојано сме заедно. Во бракот покрај страста, сексот и љубовта, важно е и семејството“, вели Карлеуша.

Пејачката призна дека таа веројатно ќе го стори тоа пред него. Карлеуша вели дека не се плаши од годините и вели дека за една деценија, кога ќе има 55 години, ќе изгледа еднакво добро како и сега.

„За 15 години се гледам себеси како атрактивна жена. Претпоставувам дека медицината, технологијата и универзумот ќе направат сè за  жената да престане да старее и засекогаш да изгледа младо.

 

 

Scroll to Top