Дилер бил спречен од страна на лекарскиот тим на Дарко Лазиќ во обид да прошверцува дрога во просториите на интезивна нега каде што е сместен пејачот.
Медицинскиот персонал во последен момент спречил непознат маж да влезе и да му ги достави наркотиците на Лазиќ, пренесуваат српските медиуми.
Во понеделникот попладне дежурната медицинска сестра забележала маж на возраст од 30 години како се обидел да влезе во просторијата каде што е сметен Дарко Лазиќ.
Еден од стражарите на болницата подоцна изјавил дека станува збор за познат дилер кој повеќепати бил апсен за препродавање и поседување дрога.
„Ние сме шокирани кога слушнавме дека некој испратил дилер за да му донесе наркотици на пациент кој е во тешка здравствена состојба. Ваков случај досега немаме во нашата пракса“, вели извор од болницата, додавајќи дека случајот не е пријавен до службените лица.
По бројните проблеми со скршените коски, внатрешното крвавење и откажувањето на органите, лекарите имаат проблем и со апстиненцијалната криза низ која пејачот минува од моментот кога се разбудил од вештачка кома.
Пред неколку дена Лазиќ од докторите побарал да му дадат некаква дрога, а откако тие одбиле, неговите пријатели одлучиле да му ја исполнат желбата. Тие веројатно не биле свесни дека на тој начин дополнително можат да му го загрозат животот.