Пејачот Милан Станковиќ бара сурогат мајка која ќе му роди дете, пишуваат српските медиуми. Милан се откажал од потрагата по партнерка и решил на поинаков начин да си обезбеди семејство.
Иако важи за миленик кај девојките, Милан веќе со години вели дека жали што не успеал да ја пронајде својата сродна душа. Поради тоа решил да ги следи чекорите на Кристијано Роналдо и да стане татко на неконвенционален начин.
Станковиќ, според наводите, дискутирал на оваа тема со неколку другарки, од кои побарал да му подарат потомство. За возврат тој ќе им обезбеди иднина, под услов тие подоцна да не бараат права над детето.
Иако пејачот сè уште се нема огласено на оваа тема, извор близок до пејачот тврди дека Милан наводно сè уште не ја донел конечната одлука, но дека сериозно ја разгледува можноста на овој начин да се оствари во улога на татко.