Зоолошката градина во Скопје доби електричен еко минибус наменет за прошетки на посетителите во зимскиот период. Новиот екобус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри.
„Зоолошка градина во Скопје ги следи еколошките стандарди и во иднина целиот возен парк ќе биде префрлен на електричен погон„, кажаа од ЗОО Скопје.
Ова е првото возило што го добива Зоолошката градина, а е од фирмата „Брегал Доо“ од Делчево.