Сашко Коцев славеше роденден

Македонскиот актер Сашко Коцев вчера го прослави 37. роденден. Тој на својот фејсбук-профил објави фотографија со која им се заблагодари на сите што се сетиле на него тој ден.

„Дечки, ви благодарам на честитките и посаканите желби“, напиша тој.

 

Коцев, кој е роден во Куманово на 28 ноември 1981 година, важи за еден од најпопуларните актери кај нас од помладата генерација. Глумеше во филмовите „Трето полувреме“, „До балчак“, „Тврдокорни“, а имаше улоги и во повеќе серии и театарски претстави, меѓу кои и „Инсајдер“, „Не се клади на Енглези“ и други. Глумецот пред една година стана татко, неговата сопруга Смиљана лани ја роди ќерката Јована.

Scroll to Top