Американскиот претседател Доналд Трамп ја постави портпаролката на Стејт департментот Хедер Науер, функцијата амбасадор на САД во Обединетите Нации, на местото на Ники Хели пишува „Блумберг“.
Агенцијата смета дека 48 годишната Хедер е необичен избор за оваа позиција, имајќи го во предвид малото искуство во владините институции и надворешната политика, пред да се приклучи во администрацијата на Трамп во април 2017 година.
Претходно неколку години Хедер беше водителка и известувач на американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“, вклучувајќи ја и емисијата „Фокс и пријатели“ која како што пишуваат американските медиуми му била омилена на Доналд Трамп.