Островот Пебл, кој од 1869 година е во сопственост на семејството Дин, се продава заедно со целата колонија пингвини што живеат таму.
Островот е дел од Фолкландските Острови и има 6,5 километри долга плажа. Сем Харис, праправнукот на оригиналниот купувач, вели дека повеќе не го сака островот и сака да се ослободи од него.
На островот живеат пет различни видови пингвини, 42 вида птици, морски лавови, 6 000 овци и 125 крави.
„Тоа е неверојатно место. За жал, стана претешко за управување“, изјави 42-годишниот Харис.
Семејството Дин било сопственик и на останатите острови од оваа област. Низ годините ги продале сите острови, задржувајќи го само Пебл. Никој од семејството не живее на островот од 50-тите години на минатиот век и со него управува мајка му на Харис, која е во Велика Британија.
„Јас и мојата сопруга првпат бевме таму во 2011 година и поврзани сме со него. Зборувавме да живееме таму, но тоа беше пред да добиеме деца. Ова беше тешка одлука, но моите родители веќе не можат да управуваат со островот“, вели Харис.
На овој остров се случила и првата копнена борба за време на Фолкландската војна во 1982 година.