Поп-пејачката Лина Пејовска заедно со нејзиниот коелга пејачот Фатмир Сулејмани сними видео за песната „Од најгорих најбољу“. Станва збор за песната преработена од оригиналнот на Лана Јурчевиќ и Лука Нижетиќ.
Лина за „Репортер“ вели дека е задоволна од преработката и дека направиле прекрасна преработка на хитот во студиото на Амил Лојо во Сараево.
„Од песната „Од најгори најбољи“, која ја испеавме заедно со Фатмир Сулејмани, направивме еден преубав препев кој што во оригинал го имаат испеано Лана Јурцевиц и Лука Низетиц. Идејата беше многу спонтана, а ја предложи Амил Лојо, кој е ѝ автор на песната. Амил направи нов аранжман и не собра заедно со Фатмир во Сараево. Видео записот е снимен токму во неговото студио“, вели Лина за „Репортер“.
Младата пејачка која периодов е актуелна со макфестовската балада „Нема“ и хитот „Топло-ладно“, вели дека во иднина ќе продолжи со правењето музика. Наскоро во план е да излезе со нова песна.
„За во иднина планирам наскоро да излезам со нова песна. Веќе ја крчкаме заедно со мојот продуцент Дарко Димитров“, вели Лина за „Репортер“.