Кај нас се наоѓа поретко, но може да се најде на пазар или во некое селско домаќинство.
Гускината маст може да се користи како лек на два начини:
1. Како облог
Ќе го намачкате градниот кош, ќе прикриете со газа или со памучна крпа и ќе оставите да делува. Најдобро е облогот да се става три пати на ден и да се мирува барем 1 час по ставањето.
2. Како додаток во млекото
Едно кафено лажиче за деца, односно, 1 супена лажица за возрасни, помешајте со топло млеко. За подобар вкус, додадете и иста количина мед во гускината маст, па потоа ставете ги во млекото.
Најдобар ефект се постигнува кога напитокот се пие 2-3 пати дневно со минимално ратсојание од 4-5 часа.