Само неколку дена откако беа извлечени двојките за осмина-финалните мечеви во натпреварите од фудбалската Лигата на шампионите, новинарот на ESPN, Уругваецот Хорхе Рамос, изнесе тешки обвинувања на сметка на претседателот на клубот Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој го обвини дека го наместил ждребувањето.
Сепак треба да се напомене дека новинарот Рамос не изнел цврсти докази за својата теорија на заговор ѝ ваквата информација треба да се земе со резерва.
Рамос за време на телевизискиот пренос изјавил Перз добил порака од негови блиски луѓе, во која пишувало дека газдатана шпанскиот фудбалски клуб и моментален европски шампион Реал Мадрид, пет дена пред ждребувањето, извршил притисок во УЕФА, за да „кралскиот клуб“ во 1/8 финалето го добие холандскиот тим Ајакс.
¿Amaño en el sorteo de #ChampionsLeague?
Hace algunos días, una fuente cercana del entorno #UEFA nos confirmaba una noticia que hoy es una realidad
Échale un vistazo 👇🏻👇🏻👇🏻🤔 pic.twitter.com/mrhx2Gz5yf
— Jorge Ramos y su Banda (@ESPN_JorgeRamos) December 17, 2018
На крајот тоа се случи. Ова не е прв пат Реал да биде поврзан со челни луѓе во УЕФА. Последните неколку години, многумина познавачи на фудбалските настани, тврделе дека Реал имал голема помош од судиската организација во нокаут фазата во Лигата на шампионите, а последната серија на обвинувања на сметка на Перез и неговото влијание во европската фудбалска куќа, ја изнесе фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот го коментираше изборот на Хрватот Лука Модриќ да ја добие „Златната топка“.
Real Madrid: periodista de ESPN denunció amaño en sorteo de Champions tras cruce con Ajax | VIDEO https://t.co/UXkkqFtInH vía @elcomercio_peru
— Ricardo Hinojosa Lizárraga (@santoschilcano) December 20, 2018
„Сега знаеме дека Перез бил тој кој се наптреварувал со Меси за „Златната топка“, а не Роналдо“, изјавил Златан имплицирајќи дека Роналдо и Модриќ ја освоиле наградата затоа што зад себе го имале Флорентино Перез и силното лоби на Реал Мадрид.