Српската пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ новогодишните празници ги минуваат во друштво на нивните мајки и блиски пријатели. Пријовиќ се пофали на социјалните мрежи со фотографии од празничната дружба.
На фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи, покрај Пријовиќ се ѝ нејзината мајка Борка со партнерот Михајловиќ и Зорица Накиќ, мајката на Филип.
Зорица последните неколку години живее во Шпанија со нејзиното семејство. Таа пред новогодишните празници пристигнала во Белград за да биде заедно со Александра и Филип.
Пејачката Пријовиќ на фотографиите доби пофални коментари од фановите, велејќи и дека блеска во опуштеното друштво и дека е многу убаво што се согласуваат со Зорица и Борка.
Пејачката е во седмиот месец од бременоста ѝ во моментов одмора од деловните обврски, а не крие дека поголемиот дел од времето го минува со нејзиното семејство.