Цела земја му се смее на премиерoт поради двете леви нозе

Премиерот на Австралија Скот Морисон стана предмет на потсмев на социјалните мрежи откако на една од фотографиите кои биле објавени на негвиот личен сајт се гледа дека има две леви нозе.

Фотографијата на која Морисон е со семејството била фотошопирана од страна на луѓето во неговиот кабинет. Тие во обид да му ги сокријат патиките, несвесно направиле премиерот да има две леви нозе.

На фотографијата се гледа дека Морисон носи невообичаени бели патеки, но и двете изгледале како да се наменети за левата нога. Фотографијата за кратко време предизвикала бурни реакции на социјалните мрежи, на кои голем број корисници се потсмевале на сметка на Морисон.

Портпаролот на австралискиот премиер веднаш излегол во јавноста со изјава дека Морисон не ја авторизирал фотографијата. Премиерот се огласил на „Твитер“ и ги искарал вработените дека подобро било да му ги фотошопираат влакната на нозете отколку патиките, на кои ништо не им фалело, напишал Морисон.

Морисон и самиот ги фотографирал своите патики и објавил како навистина изгледаат.

Морисон инаку важи за човек кој инсистира на имиџ на обичен човек. На работа патува со воз како повеќето граѓани, па ова исмејување на социјалните мрежи сигурно не му паднало лесно.

Scroll to Top