Во документарниот филм „Досие КГБ“ е претставена тајна гробница која советските сили ја пронашле во Египет. Русите сметале дека под Големата пирамида се наоѓа нешто што никој досега не можел да го објасни.
Руските теоретичари на заговор шпекулираат дека пирамидата е создадена од вонземјани пред 1 000 години и дека истата ја користеле како масовна гробница.
Снимката во документарниот филм покажува дека на членовите на КГБ им било тешко да прифатат дека митологијата можела да доведе до напредок на технологијата и знаењето.
Во документарецот е прикажано и интервју со еден поранешен советски дипломатски курир.
Човекот чие име не сакал да биде откриено во јавноста во моментов вели дека работи за руската мафија. Русинот вели дека додека пренесувал документи кои ги разменувале властите во Каир и Москва, открил мистериозни пораки и белешки за гробницата.
Неидентификуваното лице открива дека меѓу документите што ги пренесувал имало и дописи од високи функционери на КГБ.
„Моите агенти ги обезбедија белешките на еден од научниците кои работат на гробницата од вонзејманско потекло“, стоело во еден од документите кои Русинот ги пренесувал.
Друг документ го содржел пописот на работи што биле земени од гробницата. Документите биле означени со ознаката „доверливо“. Меѓу откриените работи имало 15 сандаци со реликвии, едно мумифицирано тело, еден камен саркофаг и осум хиероглифски примероци.
Еден од извештаите за пирамидата ги објавил проектниот научник, кој влегол меѓу првите во гробницата.
„За време на прегледот на сегментите на ѕидот забележавме чудна ситуација. Забележавме магнетната одбивна сила која веројатно потекнуваше од карпите. Но, не можевме да најдеме никакво разумно објаснување за ваквиот настан“, изјавил рускиот научник.
„Една од дешифрираните пораки на ѕидот во гробницата укажуваше на пророштвата за враќање на древните богови со крила“, стои во еден дописите во извештајот од криптолог.
Како што тврди Русинот во документарецот, во документите било јасно дека Кремљ го сфатил овој мит многу сериозно. Еден извештај дури укажувал на тоа дека била испратена воена единица на самата локација, а кога саркофагот бил отворен, веднаш на сила била активиран алармот од највисок степен.