Американскиот милијардер Џеф Безос (54), кој се смета за најбогатиот човек на светот, веќе четири месеци ја изневерувал својата сопруга со поранешната водителка Лорен Санчез, тврди таблоидот „Нешенел инквајер“.
Таблоидот пренесува дека Безос вчера објавил дека ќе се разведе од неговата сопруга Мекензи, по 25 години минати во брак. Медиумите пренесоа дека причината за разводот била љубовната врска на Безос со поранешната ТВ-водителка Лорен Санчез.
Таблоидот пренесува дека нивните новинари го следеле основачот на компанијата „Амазон“ со неговата љубовница низ пет држави. Заедно минале 40 000 милји, кога летале во приватни авиони.
Таблоидот пишува дека Безос ја возел Санчез во бесни лимузини, крстареле со хеликоптери, ја носел на романтични прошетки, а се одморале во хотел со пет ѕвездички.
Jeff Bezos is reportedly dating former TV anchor Lauren Sanchez while she’s still married to a high-powered Hollywood agent https://t.co/hvrs81mQHd
— Business Insider (@businessinsider) January 10, 2019
„Насловот кој ќе го објавиме на насловната страница ќе биде ‘Фотографија од неверството која стави крај на неговиот брак’“, објавил „Нешенел инквајер“.
Таблоидот тврди дека поседува „безобразни“ фотографии од Безос и Санчез, а тврди и дека поседува валкани пораки и еротски селфиња, вклучувајќи и експлицитна и жешка фотографија од двајцата, а во приказната ќе бидат вклучени уште неколку шокантни фотографии од двојката.
5 Things to Know About Lauren Sanchez, the Woman Caught With Jeff Bezos https://t.co/eyvz6xVPx4 pic.twitter.com/aXGM5bYv6S
— Is Update (@IsUpdate1) January 10, 2019
„Њујорк пост“ пишува дека Безос издал соопштение за разводот за да ја покрие приказната која ќе ја објави „Нешенел инквајер“. Весникот исто така потсетува дека Лорен Санчез сè уште официјално е во брак со познатиот холивудски агент Патрик Вајтсел, иако двајцата веќе некое време се раздвоени.
Санчез, која има две деца со Вајтсел и едно од претходниот брак, со Без наводно се зближила минатата есен. Во тој период таа се разделила од својот сопруг.
Џеф Безос и негоата сопруга имаат четири деца, а нивното богатство тежи 137 милијарди долари. И двајцата заедно ја замислија, основаа и подигнаа компанијата „Амазон“.