Лука Циндриќ во македонски патики на Светското првенство

Хрватскиот ракометар Лука Циндриќ на Светското првенство што се игра во Германија и Данска носи уникатни, персонализирани патики, направени од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски. На патиките е нацртана хрватската „шаховница“ и неговиот број 33, па на едната од нив е напишано неговото презиме, а на втората зборот „ватрени“ како што Хрватите ја нарекуваат својата фудбалска репрезентација.

„Лука е голем фудбалски фан, тој пред да тренира ракомет играл фудбал. Затоа во дизајнот ги споивме неговите омилени работи“, откри за „Репортер“ Грабулоски, кој ги наслика патиките.

Поранешниот ракометар на „Металург“ и на „Вардар“, во моментов игра за полскиот клуб „Кјелце“.

(А.Ј)

Scroll to Top