Ида Престер, Аида Јокановиќ и Ѓуле ван Гог ќе бидат водители на регионалните музички награди МАС – „Мјузик авардс церемони“, кои ќе ги соберат на едно место најголемите ѕвезди од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора. Наградите ќе се доделат на 29 јануари во арената „Штарк“ во Белград, а на неколкучасовното шоу ќе настапат многу балкански музички ѕвезди меѓу кои Каролина Гочева, Марија Шерифовиќ, Жељко Јоксимовиќ, Бајага, Ван Гог, Петар Грашо, Јелена Карлеуша, Тони Цетински, Сергеј Ќетковиќ, Наташа Беквалац и многу други.
На манифестацијата ќе бидат доделени повеќе од 30 музички признанија. Номинирани се околу 250 изведувачи, распоредени во 13 категории. Номинации од Македонија имаат Каролина Гочева, Антониа Гиговска, Лина Пејовска, ДНК, Фанк шуи, Влатко Лозаноски, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Ена Цветкоска и други.