Ријалити-ѕвездата Ким Кардашјан Вест вчеравечер во шоуто на Енди Коен откри дека таа и сопругот Канје Вест повторно ќе станат родители и дека овојпат ќе добијат син од сурогат мајка. Преку сурогат мајка тие и лани во јануари ја добија ќерката Чикаго Вест, а ги имаат и петгодишната Норт и тригодишниот Саинт.
Во шоуто на Коен, каде што гостуваа и нејзините сестри Клои и Кортни, Ким зборуваше за тоа дека со години се обидувала да забремени, а дека додека била бремена со Норт, страдала од прееклампсија, компликација која се карактеризира со висок крвен притисок. Таа имаше и плацентна акрета кај двете бремености, што се случува кога плацентата е премногу длабоко во ѕидот на матката. Затоа, со Канје се решиле за сурогат мајка, бидејќи лекарите ѝ рекле дека за неа веќе не е безбедно да остане бремена.