Пејачката Елена Андоновска сними спот за песната „Мома седи на чардакот“ која е дел од нејзиниот албум „Кој што ме чуе да пеам“. Ова е втора песна од албумот за која таа сними спот, откако претходно сними видео за „Босо моме“.
Проектот содржи десет композиции, преработки на народни песни испеани од познатите македонски пејачи. Аранжманите ги изработи Александар Јовевски во модерен етно стил. Албумот е снимен во музичкото студио „Подрумот“ во музичка продукција на Ангел Ќосев.