Симон Трпчески ги поддржа ракометарите

Светски познатиот пијанист Симон Трпчески, кој е на светска турнеја за проектот „Македонисимо“, со статус на својата фејсбук фан-страна ги поддржа македонските ракометари кои играат на првенството во Германија.

„Пред претстојниот настап во Чикаго, поддршка за македонскиот тим на Светското првенство во ракомет 2019 година“, напиша Симон и сподели текст објавен на официјалната страна на Синфонискиот оркестар на Чикаго, со наслов „Пијанистот Симон Трпчески го развиори знамето за својата татковина, Македонија“.

Трпчески е еден од многуте јавни личности кои преку статус на социјалните мрежи им дадоа поддршка на ракометарите, особено откако коментаторите на МРТ2 го ословуваат Столе Стоилов како „играчот со број 5“. Ракометарите денес го играат четвртиот натпревар во првата фаза, против Шпанија. Откако ги победија Јапонија и Бахреин, изгубија од Хрватска.

Scroll to Top