Двете најпривлечни жени се појавија заедно на модна писта

Шоуто кое го организираше Maybelline во Берлин го направија уште поспектакуларно две познати дами, манекенката Адријана Лима и пејачката Никол Шерцингер.

40 годишната Никол беше задолжена за добрата музика, додека 37 годишната Адријана, која во декември се збогуваше од Викторија Сикрет, шеташе по модната писта покажувајќи ја зимската колекција на познатите брендови.

Никол и Адријана беа ѕвезди на вечерта и направија ова шоу да биде уште поспецијално.

Инаку Никол и понатаму е во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров. Тие се заедно од 2016 година, а пејачката минатото лето наполни 40 години па за тоа вели:

“Не смеам ниту да помислам на бројката, не смеам ниту да ја изговорам. И понатаму се чувствувам како да имам 27 години така што таа бројка ми делува лудо. Тоа е причината зошто толку работам, за да останам во кондиција”, рекла тогаш пејачката.

Scroll to Top