Третиот понеделник во јануари е познат како „тажен понеделник“, односно како најдепресивниот ден во годината. Оваа теорија ја развил Клиф Арнал Кардиф, иако подоцна се покажало дека станува збор за маркетиншки трик бидејќи до тој ден е спласната празничната еуфорија и куповната моќ на луѓето. На лошото расположение се смета дека најмногу влијае финансиската ситуација по новогодишните празници, лошото време и одбројувањето до лето.
Експертите сметаат дека станува збор за емотивна испразнетост во комбинација со беспарица по атмосферата на радост и прослави со најблиските. Маркетиншки, целта е да се поттикнат луѓето да купуваат повеќе иако значително се истрошиле во изминатите недели, а токму затоа има толку големи намалувања, „последни распродажби“ и „чистки“ во продавниците.
Ако и вие ги чувствувате симптомите на депресивниот понеделник, има неколку работи што може да ги направите за полесно да го надминете. Спречете го нагонот да си го подобрите расположението со шопинг. Јадете многу овошје и зеленчук за да ви се крене нивото на енергија, ќе ви се подобри расположението и ќе направи да се чувствувате убаво бидејќи се храните здраво. Направете уште сега планови за вечер, нешто на што ќе се радувате цел ден и што ќе ви го подобри расположението.