Сергеј Трифуновиќ бедна кукавица која повторно ги напаѓа жените

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ повторно ја разбранува јавноста, овој пат со навредите упатени кон новинарката Билјана Срблјановиќ. Актерот во својата преписка ја нарекол Билјана кур*а, а на „Твитер“ го објавил и нејзиниот телефонски број, притоа загрозувајќи ги нејзината приватност и безбедност.

Целиот проблем настанал кога новинарката го замолила Сергеј за коментар по повод напишан текст во кој се споменува името на актерот. Потоа следеле пораките со пцости и навреди.

Сергеј вели дека подоцна го избришал телефонскиот број од постот, но вели дека тоа што ја навредил со погрдни зборови не ја вознемирило многу.

Ова не е првпат Сергеј да има проблем со жените и да упатува јавни навреди кон нив. Претходно цел на неговата вулгарност биле и претседателката на Народното собрание, Маја Гојковиќ, и директорката и уредничка на „Студио Б“, Ивана Вучичевиќ. Таа јавно му одговори дека не му се плаши и дека на следната средба ќе го удри.

Јавноста на социјалните мрежи коментира дека ваквото однесување го прави Сергеј само бедна кукавица и ништо повеќе од тоа. Голем број граѓани се загрижени од однесувањето на Сергеј и вербалните напади кон жените.

Тие велат дека актерот треба веднаш да престане, а во спротивно сметаат дека надлежните органи треба да реагираат со цел да се спречат да не дојде и до физичко насилство.

 

Scroll to Top